Ширењето на смртоносниот вирус може да се следи секоја минута во реално време.

Експертите од Center for Systems Science and Engineering (CSSE) од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД развиле интерактивна карта на светот на која од час во час може да се следи ширењето на корона вирусот во светот.

Картата која може да ја видите на овој ЛИНК, овозможува следење на сите клучни податоци: каде е потврден вирусот, колку случаи се потврдени, колку луѓе починале, колкумина биле успешно излечени, во кои земји односно региони вирусот се појавил итн.

Бројот на заболени се зголемува со голема брзина

Меѓу останатото, на картата е претставен и графикон чија линија очекувано потврдува експоненцијалното ширење какво што воглавно е карактеристично за вирусите. Според досегашните проценки една заразена личност во просек заразува две до три нови личности при што не мора нужно да ги има симптомите на болеста.

Податоци од релевантни извори

Стручниот тим изработил карта велејќи дека податоците се собрани од различни релевантни извори како што е Светската здравствена организација, американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Европскиот центар за контрола и превенција на болести и кинеската здравствена организација NHC и DXY.

Извор: Srbija Danas