Apple патентираше iMac со екран вграден во закривено стакло

Apple е познат по тоа што сака да истражува необични Mac дизајни, а последниот меѓу нив е посебно интересен. Компанијата поднесе барање за патентирање на десктоп Mac дизајн, чие тело е креирано од една закривена табла стакло.

Уредот на задната страна има простор за компонентите за процесирање. Слотот во долниот централен дел на уредот би овозможил уфрлање на тастатура, а Apple ја замислува и можноста за менување на закривувањето за да се подесува аголот на екранот. Еден дел во описот на патентот сугерира дека ваквиот дизајн би можел да се користи и за лаптоп dock, наместо како целосен компјутер.


Секако, не се очекува дека во поскоро време ќе бидиме iMac од закривено стакло, ако воопшто ваков систем некогаш и се појави. Компанијата пред себе би имала и некои технички предизвици, како обидот да се обезбеди можноста за прилагодување на дисплејот. Во ваква ситуација, актуелните Mac уреди нудат „посигурен“ дизајн.

Во секој случај, оваа пријава за патент ни дава подобар увид во дизајн процесот на Apple и сугерира дека компанијата има волја драматично да ги измени десктоп Mac компјутерите доколку и кога тоа би имало смисла.