Со месеци не излегуваат од домовите: Дали е можно да се прилагодите на најстуденото место на светот?
Многумина тврдат дека Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата. Станува збор за село кое се наоѓа во источниот дел на Сибир.
Најниската температура била измерена во февруари 1933 година, а изнесувала 71,2 степени под нулата. Тоа е број кој може да се забележи на бројните сувенири во Ојмјакон. Иако никогаш повторно не била измерена волку ниска температура, зимите тука се прилично остри, па така е нормално во јануари температурата да биде -50 Целзиусови степени.
Некогаш Ојмјакон било место на кое сточарите застанувале за да ги напојат ирвасите на блискиот термален извор кој никогаш не заледува, но денес е дом на околу 500 жители. Животот во зимските месеци не е лесен, но населението се прилагодило на екстремните услови.
View this post on InstagramA post shared by Tour Gratis Rusia (@tourgratisrusia) on
Земјата е трајно заледена во текот на целата година и речиси ништо не успева, па затоа жителите воглавно се хранат со риба, ирваси и коњско месо, како и млечни производи. Исто така, собираат диви бобинки во шумите кои ги мешаат со замрзнато млеко за да го добијат ојмјаконскиот специјалитет кој наликува на сладолед – кјорчек.
View this post on InstagramA post shared by meteotrip.it (@meteotrip) on
Во Ојмјакон не ви е доволен само еден пар ракавици или еден капут – населението се облекува слоевито, но со многубројни парчиња облека. Не изненадува ни фактот дека не можат да се запалат автомобилските мотори, ни тоа дека авионите не можат да полетаат. Во текот на суровата зима, жителите излегуваат од своите домови само кога мораат.
https://www.instagram.com/p/B6518-_HFxw/?igshid=1wci7de630kmh
Чистиот воздух и домашната храна без индустриска преработка придонесуваат за здравјето на Ојмјаконците, кои во просек живеат долг живот. На студот се навикнати дури и кучињата, а сибирските хаски наводно можат да спијат и на отворено, на температури од -50 Целзиусови степени.
Извор: B92.net
Поврзани артикли