Внимателна роботска рака: Без допир подигнува кршливи предмети

Научникот Марсел Шук од Цирих, Швајцарија, работи на развој на роботски фаќач кој може без допир да подига кревки и лесни предмети.

Технологијата на која работи истражувачот од технолошкиот институт ЕТХ се заснова на звучни бранови. Неговиот пронајдок е роботска рака која наместо дланка, има нешто што личи на преполовена топка. Меѓу двете полутопки има мала сфера која лебди во воздухот, а неа ја држат ултразвучни бранови.

Овој феномен е познат како акустична левитација.

Точките на притисок се создаваат таму каде што се преклопуваат ултразвучните бранови, а малите предмети може да бидат заробени меѓу тие точки и се чини дека лебдат во воздух. Моментално технологијата е во фаза на прототип, а овие две полусфери се создадени со помош на 3Д-печатач.

Оваа роботска рака би можела да биде многу корисна во ситуации кога оштетувањето на некои ситни компоненти може да биде многу скапо, па човечката рака не би требало ни да ги допира ако нема потреба за тоа.

Извор: B92.net