Онлајн платформата за нови познанства, Tinder воведува „копче за паника“ и други поставки кои ќе ја зголемат безбедноста на корисниците.
Новите функции влучуваат итна помош, сигнал за следење и проверка на фотографиите. Новините во САД ќе се воведат од 28 јануари. Не е соопштено кога ќе бидат достапни на светско ниво.
Компанијата Match Group, која ги поседува и Плени-оф-Фиш, Ок-Купис и Хинг, планира да ги воведе новите опции и на овие апликации до крајот на 2020 година.
Пред средбата со некој од Tinder, корисникот ќе може, притискајќи го „копчето за паника“, да добие податоци за безбедноста на договореното место. Проверката на сликите служи за утврдување дали некој користи лажен идентитет. Од другиот корисник, во тој случај ќе биде побарано да ја потврди веродостојноста на својата профилна слика со тоа што ќе направи неколку самосликови во реално време.
Компаниите што нудат вакви услуги, честопати се критикувани поради недоволната сигурност на своите програми.