Samsung за последните пет генерации на своите премиум телефони користеше алуминиумски рамки. Меѓутоа, според достапните гласини, Galaxy S20 Ultra ќе користи рамка од нерѓосувачки челик.
Дојавувачот Max Weinbach (@MaxWinebach), кој ни овозможи увид и во првите протечени фотографии за Galaxy S20 Ultra, сега нови детали обелодени на Twitter.
Galaxy S20 Ultra. Stainless Steel.
— Max Weinbach (@MaxWinebach) January 22, 2020
Моментно, единствено Apple користи нерѓосувачки челик на своите iPhone 11 Pro и 11 Pro Max модели. Во теорија, имплементацијата на ваквиот дизајн го намалува гребењето и овозможува вкупно подобра отпорност и издржливост на телефоните.
Од друга страна, челикот е погуст материјал и би можел да претставува проблем за некои корисници, со оглед на тоа дека се очекува дека Galaxy S20 Ultra ќе биде голем уред. Тежината на смартфонот сигурно ќе преминува 200 грама.
Поврзани артикли