Facebook во ЕУ: Вработени 3,1 милиони луѓе и приход од 208 милијарди евра

Апликациите управувани од Facebook им помогнаа на компаниите во Европската унија да остварат добар пласман на роба во вредност од 208 милијарди евра во 2019 година.

Притоа, тие придонесоа и за 3,1 милиони работни места.

Анализата објавена од технолошкиот гигант исто така наведува дека нивните услуги ги користеле 25 милиони правни субјекти од ЕУ.

Компаниите во истражувањето велат дека рекламирањето на Фејсбук, ВатсАп или Инстаграм помогнало да се заработат скоро 100 милијарди евра извоз во текот на минатата година, од кои 58 милијарди се генерирани на внатрешниот пазар на Унијата, пренесува Банкар.

Шест од десет анкетирани компании изјавиле дека апликациите на „Фејсбук“ се важни за намалување на трошоците за маркетингот, а сличен број изјавиле дека истите услуги се важни за подобрување на услугата на клиентите.

Во извештајот се додава и дека 70% од компаниите што ја користат апликацијата извезуваат, што е за 20% повеќе од конкурентите кои се откажале од овој канал на комуникација, а повеќе од половина изјавиле дека се корисни за влез на индивидуалните пазари.