Научниците пронајдоа „дух-честички“ кои доаѓаат од внатрешноста на земјата (ВИДЕО)

Мистериозните честички, познати како “геонеутрони”, ретко комуницираат со материјата и така може да бидат скоро невозможни за откривање. Но, научниците кои работат во најголемата подземна лабораторија во светот откриле 53 нови настани, скоро двојно повеќе од порано.

Тие биле откриени со помош на детекторот „Борексино“, кој е затрупан 1.400 метри под земја, и зема неверојатно чувствителни мерења на обично невидливи феномени.

Новите откритија би можеле да помогнат да се осветлат оние мистериозни процеси, кои помагаат да се создаде необјаснета топлина што доаѓа од центарот на Земјата. Светот под нашите нозе предизвикува низа чудни феномени – како што се спектакуларните вулкани на Земјата и магнетното поле – кои не се како сите други што се гледаат во Сончевиот систем.

Во Кина во моментов се гради експеримент наречен “Џуно” кој ќе биде 70 пати поголем од Борексино и би можел да даде многу повеќе увид.