Twitter претстави нова функција во виде на емотикон реакции за директните пораки (DM). Опцијата изгледа слично на она што веќе некое време го нуди Facebook, но со неколку клучни разлики.
Наместо емотикони со срца наместо очи, или човечки емотикони, емотиконите на Twitter имаат опција за реагирање со срца или оган. Можно е лесно реагирање на директните пораки со клик или со притискање на heart-plus иконата, која се појавува покрај пораката. Двојниот притисок на пораката прикажува панел за емотикони.
Лицето кое ја прима реакцијата ќе добие известување доколку сте реагирале на директната порака. Можно е да се додаваат реакции дури и на пораките кои се стари неколку години.