Acer најави нови Windows лаптопи и Chromebook уреди

Acer во текот на BETT 2020 настанот најани нови лаптопи за едукативниот пазар, кои ќе пристигнат наскоро. Тоа се два нови Windows 10 лаптопи (TravelMate B3 и TravelMate Spin B3), како и Chromebook C871.

TravelMate B3 и TravelMate Spin B3 се clamshell и конвертибилни модели, а со исклучок на форматот, двата уреда се прилично слични. Двата лаптопа имаат Intel Pentium или Celeron процесори, како и 11,6-инчни HD дисплеи. Конвертибилниот модел ја поддржува опцијата на внесе на содржини со допир, а има и поддршка за Wacom AES пенкалце. Лаптопите се креирани за да бидат издржливи, со MIL-STD-810G стандард.

TravelMate B3 и TravelMate Spin B3 ќе бидат достапни од април, по цени од 239 и 329 долари. 

Кога е во прашање Chromebook C871, овој модел пристигнува со Intel Core процесорите од десеттата генерација (Core i3-10110U) или Pentium Gold 6405U CPU. Тука е и 12-инчниот HD+ екран, со 3:2 однос на странииц. Acer истакнува дека Chromebook C871 го карактеризира уште поголема отпорност, отколку што ја нуди MIL-STD-810G стандардот.

Chromebook C871 во Европа ќе биде достапен од мај, со почетна цена од 299 евра.