Небото се празни, а тоа не е само поетска слика туку факт, барем небото во Северна Америка.
Бројот на птици во САД и Канада се намалил за 29 отсто од 1970-та година па наваму, објавиле научниците истакнувајќи дека таму денес има 2.9 милијарди помалку птици од пред 50 години.
Анализата била објавена во списанието „Science“. Резултатите ги шокирале научниците и организациите за заштита на околината, растителниот и животинскиот свет, пишуваат од „Times“.
„Ја гледаме кризата која е во полн ек“ – рекол Дејвид Јарнолд, претседателот и извршен директор на Националното друштво Audubon.
Експертите веќе подолго време знаат дека некои видови птици изумираат. Меѓутоа, новата студија која се базира на широки истражувања на повеќе од 500 видови открива големи губитоци па дури и меѓу традиционалните видови птици како што се врапците.
Вообичаените видови птици се клучни за екосистемот, опрашување на световите, ширење на семето и обновување на шумите. Кога овие птици ќе исчезнат, нивните некогашни домови не остануваат исти.
„Луѓето се загрижени кога ќе исчезнат орлите или пак другите познати видови птици поради својата големина и симболика, но реално исчезнувањето на врабците има поголемо влијание на околината, а поради тоа не се грижиме“ – рекол Хилари, биолог за заштита на животната средина.
„Птиците со помала телесна тежина не можат долго да летаат, не можат да мигрираат па умираат“ – рекле научниците.
Извор: Informer.rs