Во текот на 2019. година немавме нови објави на телефони во рамките на Poco подбрендот на компанијата Xiaomi (кој неодамна е промовиран во засебен бренд), а фановите на Poco со нетрпение очекуваат компанијата да го претстави наследникот на исклучително успешниот Poco F1 модел од 2018. година.

YouTube блогерот под името RatAtlas објави некои протечени фотографии кои наводно го прикажуваат Poco F2 Lite телефонот. Тој тврди дека фотографиите и спецификациите на уредот ги добил преку мејл од извор, чиј идентитет не е откриен. Фотографиите покажуваат дека наводниот Poco F2 Lite има екран со засек во облик на капка и нешто подебела долна рамка.

Страницата About за телефонот го открива името Poco F2 Lite и модификувана верзија на MIUI интерфејсот за Poco уредите. Исто така, истакнува дека телефонот го покренува Snapdragon 765 чипсет и дека има 6GB RAM.

Poco F2 Lite го напојува 5000mAh батерија, а оперативниот систем е Android 10. Се сугерира дека телефонот е опремен со камера со многу висока резолуција (веројатно 48MP или поголем сензор). Не е познато дали на задната страна има систем со две или три камери.