Најновото американско беспилотно летало со турбомлазен мотор ИКС-61А „Гремлин“ паднал за време на пробниот лет, информира производителот на дронот.
По пробниот лет, бил исклучен моторот, а дронот требало да се приземји со помош на падобран. Во таа фаза не успеало спојувањето со авионот носач.
„За жал, леталото е изгубено во текот на процесот на приземјување затоа што не му се отворил падобранот“, изјавија од компанијата „Дајнетикс“.
И покрај загубата на леталото, компанијата го карактеризирала летот како историски настан. Производителите на дронот истакнуваат дека инцидентот нема да се одрази на текот на тестирањата зашто вкупно се произведени пет беспилотни летала.
Дронот бил лансиран од товарниот носач „Херкулес“ на 19 јануари, а во воздух поминал околу еден час и 44 минути.
Според плановите на производителот, дроновите од програмата „Гремлин“ ќе одат во напад организирани како рој пчели за да ја збунат непријателската противвоздушна одбрана. Леталата ќе бидат опремени со турбомлазни мотори и ќе може да прелетуваат и до 1.000 км. По завршувањето на задачите, транспортниот авион ќе ги собира директно во воздух.
Поврзани артикли