Xiaomi објави поголема измена во структурата на компанијата, претворувајќи го во самостоен бренд. Подбрендот на Xiaomi во 2018. година го објави POCO F1 телефонот, кој го здрма пазарот на телефони со својот однос на цените и перформанси. Смартфонот имаше Snapdragon 845 чипсет, импресивен систем на камери и перформанси кои значајно им конкурираше на останатите производители.

И покрај огромниот успех кој го оствари POCO F1, Xiaomi никогаш не го објави својот наследник. Исто така, компанијата никогаш не потврди дали планира објава на POCO F2 моделот и каква е воопшто иднината на POCO брендот.

Меѓутоа, со денешната објава Xiaomi јасно става до знаење дека POCO брендот останува на пазарот. POCO брендот сега ќе фукционира независно од Xiaomi, со сопствен тим о маркетиншка стратегија. Брендот ќе ги дели ресурсите на синџирот на снабдување на Xiaomi, но ќе има сопствен roadmap на производи.

Исто така, потврдено е дека POCO тимот работи на POCO F2 телефон, но не е објавена информација кога уредот ќе се најде на пазарот.

На почетокот на 2019. година, Xiaomi го одвои и Redmi брендот, правејќи го посебна дивизија.