Познато е дека Бјорк не бега од технологијата, па често ја користи во својот музички израз и во своите настапи. Сега отиде чекор понатаму и со помош на алатките ја подигна музиката на целосно неочекувано ниво.
Се работи за тоа дека исландската уметница почнала да ja користи вештачката интелигенција на Microsoft како дел од проектот Kórsafn, композиција која не престанува и која може да се слушне во Sister City хотелот во Њујорк. Во рамките на проектот можат да се слушнат различни хорски композиции, вклучувајќи ги новите кои за Бјорк ги компонирал Hamrahlid Choir. Композициите се менуваат во однос на она што AI го детектира на небото над хотелот, а со помош на камерата која се менува на покривот, па реагира на различните типови на облаци, птици, авиони, па дури и на промените на воздушниот притисок.
Музиката која се базира на вештачка интелигенција не е ништо ново, па на пример, уметницата Arca веќе креираше композиција која константно еволуира и која може да се слушне во Музејот на современа уметност во Њујорк. Тоа што кон технологијата се насочи и Бјорк може да доведе до тоа повеќе внимание да се обрати на новите музички методи и музичарите да пронајдат нови канали за инспирација, а слушателите нови начини за слушање на омилените нумери.