Главната камера на Huawei P4 Pro смартфонот наводно ќе биде центрирана околу 52Mp image сензор (1/1.33″). Новите информации сега сугерираат дека овој сензор ќе го креира компанијата Sony и дека ќе има “16-in-1” технологија.
Сензорот го носи името „Quad Quad Bayer“, со оглед на тоа дека прави две 4-in-1 конверзии за го достигне 16-in-1 нивото. Ова ќе се користи само за видео и фотографии кои се креираат во исклучително темни услови.
За дневни снимки, ќе се извршува само една 4-in-1 конверзија, што ќе резултира со снимки од 13MP. Ова веројатно ќе биде традиционален Quad Bayer процес на бинување (или можеби Quad RYYB).
Се очекува дека P40 Pro ќе има камера со 10X оптички зум. За да го изведе ова, Huawei наводно користи дизајн со две призми (актуелните перископ камери имаат само една призма).
Huawei претходно ги заштити имињата на различните термини, како што се Quad Curve Overflow, Ultra Vision Camera и Ultra Vision Sensor, како и 5G AR. Се очекува дека ќе дознаеме што означуваат овие термини, во текот на презентацијата на компанијата закажана за март.
Поврзани артикли