Аналитичката компанија Sensor Tower објави нова статистика, која открива дека во текот на 2019. година околу 83,5 милијарди долари биле потрошени на мобилниот пазар.
Статистиката покажува дека во текот на минатата година е остварен раст од околу 16,3 проценти, а најголем дел од ова е остварен во рамките на App Store на Apple. Во текот на 2018. година, корисниците во App Store потрошиле 46,6 милијарди долари, додека во текот на 2019. ова е зголемено на 54,2 милијарди долари. Кога е во прашање Android екосистемот, трошењето на апликации и игри во Play Store е зголемено од 24,8 милијарди на 29,3 милијарди долари.
Мобилниот гејминг пазар значајно учествуваше во зголемувањето на вкупните приходи, со огромен удел од 61,7 милијарди долари, кои биле потрошени во овој сегмент. Ова претставува зголемување од 12,8 проценти во однос на 2018. година.
Кога се во прашање конкретните мобилни игри, кои најмногу придонесоа за ваквото зголемување на трошењето на мобилниот пазар, тука се Honor of Kings, Pokemon GO, Fire Emblem Heroes, Garena Free Fire, Call of Duty Mobile. Honor of Kings забележа најголемо зголемување на приходите од дури 1,5 милијарди долари.