Samsung го креираше роботот Ballie, кој се тркала и управува со домот (ВИДЕО)

Творците на овој робот велат дека „Ballie“ е дизајниран за да ги разбере сите потреби на своите корисници.

„Ballie“ е креиран од компанијата Samsung, а истиот може да работи и како фитнес помошник. Поседува „мобилен интерфејс”, кој со помош на вештачката интелигенција секогаш бара нови начини како да се прилагоди на корисниците и менувањето на нивните навики.

Демо снимката прикажува како “Ballie” ги отвора паметните завеси и го вклучува телевизорот за кучето, кога неговиот сопственик е надвор од домот. Исто така, повикува и робот-правосмукалка откако ќе забележи дека нешто се истурило на тепихот.

Творците на „Ballie“ велат дека тој е способен да повика помош ако види дека некој падне и не може да стане, објави технолошкиот сајт Engadget. Исто така, додаваат и дека роботот не е поголем од тениско топче.

Името „Ballie“ се појави во разни гласини уште минатиот месец, а Samsung вели дека сака да го користи овој термин за роботи со различни функции како што се чистењето, безбедносниот надзор и секојдневните домашни обврски.

Сè уште не е познато кога ќе може да се купи овој домашен робот, ниту колкава ќе биде неговата цена.

Извор: B92.net