Phillips претстави еден поедноставен, но ништо помалку интересен монитор. Philips 243B9 е 24-инчен, 1080p, IPS монитор, кој се фокусира на удобноста на користење и функциите кои не се штетни за опкружувањето.
Една од главните карактеристики на мониторот е USB-C приклучокот со напојување, кој може да се користи за полнење на лаптопи и други USB уреди. Тука е и HDMI влезот за користење на уреди кои немаат USB. Мониторот има и SmartErgoBase, кој нуди подесување на висината до 150 милиметри, функциите на вртење и навалување. IPS панелот нуди агли на гледање од 178 степени.
Во Eco режимот, мониторот троши 12,8 вати, додека сензорите ќе детектираат кога мониторот се користи и ќе вршат подесување на осветлувањето. Самиот монитор е креиран без употреба на PVC/BFR материјали за куќиштето и користи 85% рециклирана пластика.
Максималната резолуција на Philips 243B9 мониторот изнесува 1920 x 1080p @ 75Hz, осветлувањето е 250 cd/m², контрастот е 1000:1, додека одзивот е 4ms (Grey to Grey). Тука се и поддршките за Flicker-free, LowBlue Mode, EasyRead и Adaptive sync.
Поврзани артикли