Instagram за веб долго е во сенка на мобилната апликација на сервисот, посебно кога се во прашање ажурирањата и имплементирањето на новите функции. Но, изгледа дека оваа разлика ќе почне значително да се намалува.
Социјалната мрежа за споделување фотографии објави пристап до директните пораки за мал број корисници ширум светот, како дел од јавното тестирање, по експериментите во 2019. година. Како функциите на смартфоните, корисниците можат да учествуваат во стандардните и групните разговори, да споделуваат фотографии, лајкуваат пораки и да примаат известувања.
Статегијата е во склад со пошироката цел на Facebook да овозможи поприватно искуство, со поголем фокус на пораките, отколку што тоа беше случај во минатото. Компанијата за крајна цел има да понуди обединето испраќање пораки на сите свои сервиси (Facebook, Instagram и WhatsApp).
Официјалните лица на Instagram истакнуваат дека повеќе вести за пошироката достапност на опцијата за директни пораки ќе бидат познати во иднина.
Поврзани артикли