Пријавите за патенти обично се интересен начин да се види на што експериментираат производителите на смартфони. Еден од патентите што се појави и припаѓа на компанијата Xiaomi и неодамна е одобрен од CNIPA (China National Intellectual Property Administration).
Патентот ни дава нов увид во дизајнот на pop-up камерите. Дизајнот од овој патент ги сместува и предните и задните камери во истиот pop-up механизам.
Скиците од патентот откриваат три засебни верзии на дизајнот, почнувајќи од двата система со две камери од предната страна и на задниот дел, се до двете камери од предната страна и пет на задниот дел. Конкретниот pop-up механизам е прилично широк и зазема најголем дел од просторот над екранот.
Знаеме дека патентите не се секогаш имплементирани во конкретни производи и сервиси, но секако би било интересно да се види како Xiaomi би имплементирал вака голем број камери во тесниот pop-up механизам.