Во текот на CES 2020 саемот во Лас Вегас, Извршниот директор на One Plus, Пит Лау потврди дека следниот премиум смартфон на компанијата (веројатно OnePlus 8), ќе има екран со освежување од 120 Hz.
Компанијата истакнува дека со Samsung работела на развојот на OLED екранот, а покрај ова се работело и на Android верзијата за да се подобрат анимациите (посебно за клучните OS гестикулации) за тие да изгледаат пофлуидно на 120 Hz.
OnePlus исто така планира да користи MEMC (motion estimation / motion compensation) чип за да уфрли дополнителни фрејмови во видеото и да овозможи 120 Hz. MEMC во подесувањата ќе може да се вклучува и исклучува по потреба.
На крајот, OnePlus тврди и дека екранот ќе може да достигне 1000 нита максимално осветлување за HDR содржини, има touch самплинг od 240 Hz и поддршка за 10-битни бои. OnePlus својата нова технологија на екранот ќе ја прикаже на настан во Кина.