Apple можеби развива Pro Mode за да ги забрза MacBook компјутерите

Компанијата Apple можеби развива начин да ги забрза своите MacBook лаптоп компјутери. Во прашање е новиот Pro Mode, кој рачно може да се вклучува и исклучува. Според наводите на сајтот 9to5Mac, новиот режим е забележан во Catalina 10.15.3 beta build, но се уште не е достапен во функционален облик.

Текстот опишува дека апликациите би можеле да работат побрзо, но работниот век на батеријата би можел да се намали, додека звукот на вентилаторите би можел да стане погласен. И натаму доста работи се непознати за Pro Mode, но самата функција не претставува изненадување, бидејќи е практично неопходна за гејминг PC, каде што корисниците можат да извлечат максимум од своите подесувања на ладењето.

MacBook Pro од 16 инчи има значително подобар систем на ладење отколку претходните модели, а ова е нешто што Pro Mode би можел дополнително да го подобри. Можно е дека токму следната генерација на MacBook компјутери, која се очекува наскоро, ќе го има новиот дизајн на вентилатори и споменатиот Pro Mode.