Од утре Microsoft повеќе нема да нуди официјална поддршка за Windows 7 оперативниот систем. Меѓутоа, тука и натаму е прашањето што ќе биде достапно во вид на екстерни апликации, вклучувајќи го и најпопуларниот веб прегледник на светот – Chrome. Google сега ги објави своите планови.
Google истакна дека планира да нуди поддршка за Chrome на Windows 7, барем во текот на 18 месеци по престанувањето на поддршката од Microsoft. Тоа значи дека Chrome и натаму ќе добива ажурирања (не само безбедносни) барем до 15. јули, 2021. година.
Google наведе и некои предности кои ваквата одлука ќе им овозможи на корисниците, а посебно за бизнис. Јасно е дека ажурираниот браузер ќе биде значително посигурен, а покрај тоа, надградбите за Chrome ќе му овозможат на прегледникот без проблеми да работи на Windows 7 и Windows 10 системите.
Ова е објава која многумина ја очекуваа, вклучувајќи ги и фановите на Microsoft Chromium Edge прегледникот. Бидејќи Chrome во целост ќе биде поддржан за Windows 7, тоа значи и дека Chromium со отворен код, исто така, ќе биде поддржан. Microsoft секако нуди Extended Security Updates за оние кои сакаат да плаќаат за оваа услуга, а за тоа на компанијата ќе и биде потребен и поддржан браузер.