Познатата компанија за развој на аудио технологија, Sennheiser соработува со реномираниот автомобилски гигант Continental со цел развој на 3D аудио систем кој не би користел звучници.
Токму таков музички систем, наменет за возила од идните генерации, е претставен на овогодинешното издание на Саемот за потрошувачка електроника. Системот се заснова на веќе постоечката Ambero 3D аудио технологија, претставена од Sennheiser, со интеграција на систем развиен од Continental, а комерцијално познат како Ac2ated.
Комбинирани, тие прават многу впечатлив музички систем, барем според тврдењата на конструкторот. Специфичноста на музичкиот систем се гледа и во отсуството на видливи звучници. Како што наведуваат во компанијата, специјално развиени актуатори ќе се користат како замена за конвенционалните звучници. Овие актуатори ќе бидат распоредени во внатрешноста на салонот.
Примената на оваа технологија овозможува да се намали масата на музичките системи за дури 75 до 90%, што е особено значајно во време на очекуваната инвазија на електрични автомобили на кои секој грам повеќе е огромен товар во однос на поголем опсег со едно полнење на батеријата. Новиот аудио систем води и кон заштеда во употребливиот простор во EV салонот.
„Со интегрирање на нашата AMBEO Mobility технологија со системот Ac2ated Sound на Continental, аудио-искуството во автомобилот го подигнуваме на многу високо ниво. Чувството е толку природно. Како таков, обезбедува нови звучни перспективи и реалност за нашите клиенти, односно корисниците на новото технолошко решение “, вели Андреас Сенхајзер, еден од извршните директори на компанијата.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли