Иако Facebook пред извесно време ги отстрани рекламите кои се против вакцини, некои промоции и понатаму продолжуваат, па така, на пример, компанијата Earthley, која се занимава со алтернативна медицина, своите реклами против вакцини успешно ги промовираше и на Facebook и на Instagram.
Иако експертите одамна се изјаснија за безбедноста на вакцините, контроверзиите и понатаму постојат, бидејќи со темата се занимаваат и лаици, кои, на пример, велат дека вакцината против голема кашлица е небезбедна. Иако рекламите со ваква содржина ги кршат политиките на компанијата Facebook, а поради тоа шират дезинформации, сепак сè уште ги има, а лажните вести за вакцини се промовираат на јавни групи и профили.
Извор: PC Press.rs