Facebook и покрај забраната сè уште прикажува реклами против вакцини

Иако Facebook пред извесно време ги отстрани рекламите кои се против вакцини, некои промоции и понатаму продолжуваат, па така, на пример, компанијата Earthley, која се занимава со алтернативна медицина, своите реклами против вакцини успешно ги промовираше и на Facebook и на Instagram.

Иако експертите одамна се изјаснија за безбедноста на вакцините, контроверзиите и понатаму постојат, бидејќи со темата се занимаваат и лаици, кои, на пример, велат дека вакцината против голема кашлица е небезбедна. Иако рекламите со ваква содржина ги кршат политиките на компанијата Facebook, а поради тоа шират дезинформации, сепак сè уште ги има, а лажните вести за вакцини се промовираат на јавни групи и профили.

Facebook се изајсни во врска со овој проблем, велејќи дека нема кршење на правилата, така што рекламите се сè уште активни. Не е објаснето зошто се верува дека таквите содржини се прифатливи, бидејќи некои далеку поштетни се елиминираат во рекордно време, па останува да се види колку поддршка ќе добие овој вид на дезинформации во наредниот период.
Извор: PC Press.rs