Според извештајот на агенцијата SINA, Huawei открил дека компанијата испорачува околу 100.000 Mate X уреди секој месец, откако телефонот се најде во продажба во Кина на 15. ноември минатата година.
Иако пристигнува со висока цена од 2.400 долари, Mate X е еден од најбараните уреди на пазарот. Во текот на првата рунда брза продажба во Кина, Mate X беше распродаден во рок од неколку секунди. На самиот почеток, телефонот лимитирано беше достапен во продажба секој петок во месецот, поради ниското ниво на залихи. Huawei во меѓувреме ја прошири продажбата на секој вторник и петок во текот на неделата.
Достапноста на Huawei Mate X на глобалниот пазар се уште е во фаза на разгледување во седиштето на компанијата, што значајно влијае на продажните капацитети на уредот. Исто така, недостатокот од лиценцирани Google Play апликации и сервиси е еден од факторите кои ја кочат глобалната објава на флексибилниот смартфон.
Поврзани артикли