Бројни се предупредувањата дека луѓето не смеат да наседнат на измами, преку кои се делат пари преку социјалните мрежи, но Јусаку Маезава го прави токму тоа – ги дели своите пари на своите следбеници на Twitter.
Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава најави дека ќе даде по девет илјади долари на илјада луѓе (вкупно девет милиони долари) што го следат на социјалната мрежа Twitter, со цел преку социјален експеримент да открие дали парите ги прават луѓето посреќни, пренесува „Бизнис Инсајдер“.
Тој претходно понудил да подели 917.000 долари на 100 случајни избраници во 2019 година. Овојпат, Маезава го продал неговиот моден бизнис „Зозо Инк“ за 900 милиони долари, па сака дел од парите да ги даде на случајните избраници што го следат на Twitter.
?謹賀新年?
【総額10億円】#前澤お年玉 100万円を1000人にプレゼントします!
100万円で皆さまの人生がよりハッピーになりますように。
応募方法は僕のフォローとこのツイートのリツイート。締切は1月7日23:59まで。
企画趣旨や当選条件などはYouTubeで説明してます。 https://t.co/kBgwwmJoaP pic.twitter.com/1Fr0Vq4i6Z
— Yusaku Maezawa (MZ) 前澤 友作 (@yousuck2020) December 31, 2019
Дека парите навистина можат да ја купат среќата покажа и анкета на „Галуп“ од 2010 година. Анкетата во која учествувале илјада испитаници покажала дека лошата финансиска состојба за време на болни периоди од животот, како што се развод или болест, дополнително ја влошила здравствената и емотивната состојба на испитаниците. Додека пак, побогатите испитаници кои поминале низ слични искуства имаат тенденција да бидат позадоволни од нивните животи.
– Парите што ги нудам на испитаниците се наменети да покренат поголема дебата кога станува збор за основниот приход во Јапонија. Моето мислење е дека луѓето не сакаат да им бидат дадени пари на подарок, туку сакаат да ги исполнат своите соништа – вели Маезава.