Кај екстерните дискови е многу важен аспектот на безбеднлост, бидејќи се доста полесни за кражба од дисковите вградени во компјутерите. Затоа Samsung реши да понуди преносен екстерен SSD кој се отклучува преку сензор за отпечаток од прст. T7 Touch ги криптира податоците преку AES 256-битната хардверска енкрипција, а за нивното отклучување е потребно да се внесе шифра или да се очита отпечатокот од прст.
SSD е спакуван во тенко алуминиумско куќиште, во сребрена или црна боја, а масата на драјвот е само 58 грама. Уредот поседува и Motion LED, осветлување кое дава брз увид во статусот на податоците на дискот.
T7 Touch нуди брзина на читање од 1.050 MB/S, како и брзина на запис на податоци од 1.000 MB/s. На располагање се три варијанти од 500 GB, 1 TB или 2 TB, со цени од 130, 230 и 400 dolara, а во продажба ќе се најде кон крајот на овој месец.
Поврзани артикли