Флексибилните паметни телефони се интересен концепт што ќе ги опфати и лаптопите на водечките производители. Се разбира, ќе биде потребно време да се видат првите вакви производи на пазарот, но Lenovo веќе ја покажа конечната верзија на флексибилниот ThinkPad X1. Компанијата ги потврди на CES 2020 своите планови да започне со продажба на уредот од средината на годинава, како и очекуваната цена. Првиот флексибилен лаптоп ќе биде достапен за 2499 долари.
Lenovo дополнително ќе открие точно кога ќе започне продажбата на Lenovo ThinkPad X1, пренесува Mashable. Ве потсетуваме дека лаптопот е опремен со 13,3-инчен LG Display pOLED дисплеј кој поддржува 2K резолуција од 2048х1536 пиксели. Во внатрешниот дел на екранот има слој од не’рѓосувачки челик, кој штити од разни гребнатини. Сепак, овој слој е доволно издржлив за да се свитка постојано со дисплејот.
Идните сопственици на Lenovo ThinkPad X1 Fold ќе можат да користат Active Pen игла и да ги користат звучниците на Dolby. Предната IR-камера има резолуција од 5 MP, а држачот во задниот дел дозволува уредот да се користи во неколку режими на работа. Моделот има батерија со Rapid Charging функција што овозможува 11 часа со еднократно полнење и користи видео картичка Intel UHD Graphics 11, хард диск 1TB и 8 GB RAM меморија.
Поврзани артикли