Истражувачите од Британскиот антарктички центар (BAS) го демонстрираа начинот на пребројување китови од вселената, со помош на сателитски снимки. Дури и кога се направени од 620 километри далечина, фотографиите се доволно остри за да ги доловат китовите со различни форми и видови, пишува BBC.

На тој начин научници од Велика Британија наскоро ќе направат ревизија на китовите на Медитеранот. Првобитната проценка ќе биде делумно автоматизирана со употреба на компјутерска програма за пребарување на сателитски податоци.

Во водите северно од Корзика се наоѓа заштитен простор за китови. Властите сакаат подобро да го разберат движењето на големите цицачи за да ги избегнат судирите со нив во текот на возење бродови.

Фотографиите на китови се направени од вселената со помош на вселенското летало WorldView-3, со кое управува американската компанија Digital Globe.

Научниците сметаат дека китовите најлесно се идентификуваат низ фотографии бидејќи имаат специфичен облик на телото, тенденција да пливаат паралелно со површината на водата поради што нивното тело е во контраст со водата и полесно е да бидат забележани.

Извор: Klix.ba