HP е подготвен да го надгради својот тенок и моќен деловен лаптоп Elite Dragonfly, со неколку прилично одлични карактеристики. Една од нив е опционалнa можност за работа со 5G за брзина на преземање податоци до 3.6GHz, но веројатно ова дополнително ќе биде достапно само во земји со мрежи од следната генерација како што се САД, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и Франција .
Новиот Elite Dragonfly G2 е, исто така, прв во светот што може да биде опремен со модул Tile – ова овозможува уредот да се следи преку апликација дури и кога не е вклучен. Технологијата работи преку Bluetooth, но има функција што им овозможува на другите корисници да фаќаат сигнали од Tile, кои се надвор од опсегот на нивниот сопственик.
Лаптопот тежи 0,99 кг, но сега нуди опции за конфигурација со 10-та генерација на Intel Core i3, i5 или i7 процесори со 16 GB RAM меморија и до 2TB меморија на датотеки. Повторно, наоѓаме дисплеј од 13,3-инчи со Gorilla Glass 5 и резолуција full HD или 4K, а во зависност од моделот и батеријата, може да добиете 16,5 или 24 часа траење на батеријата.