Американскиот производител сака да ја достигне магичната граница од милион милји.
Компанијата Tesla работи со тим од физичари од канадскиот Универзитет Далхаузи на новата генерација литиум-јонски батерии кои ќе бидат значајно подолготрајни од постоечките.
Истиот извор наведува дека двата партнери кон крајот на 2019-та година ја заштитиле технологијата за нова батерија, која, како што рекол Елон Маск во април минатата година, ќе може да издржи 1,6 милиони километри, односно милион милји возење.
И иако овие батерии не се толку значајни за просечниот купец на автомобили во САД, тие ќе бидат посебно важни за електричните камиони во САД кои минуваат голема далечина и колометража во текот на својот работен век.
Имено, таквите камиони минуваат 150.000 милји годишно. Батериите од 100 kWh, кои Tesla моментално ги користи во Model S и Model X, можат да издржат меѓу 1.000 и 2.000 циклуси на полнење и празнење, додека според патентот кој е заштитен на 26-ти декември минатата година, новите батерии ќе задржат дури 90 проценти од почетниот капацитет по 4.000 циклуси, а по 1.000 циклуси ќе изгубат само 5% од вкупниот капацитет.
Иако многу произведувачи на автомобили ги фаворизираат таканаречените “solid state” батерии за електричните возила на иднината, овој патент покажува дека Tesla и Елон Маск и натаму и даваат предност на литиум-јонската технологија.
Извор: B92.net