Кеопсовата пирамида уште од нејзиното откривање ги импресионира и восхитува подеднакво како научниците од областа на археологијата и другите научни гранки, така и туристите кои редовно ја посетуваат оваа мегаломанска градба.
Професорот Џулио Маљи од Политехничката академија во Милано верува дека тронот на фараонот Кеопс е изработен од вонземски метал, односно од метеоритско железо и дека тој се крие во длабочината на Големата пирамида во Гиза.
Уште во 1922. година било откриено дека старите Египјани користеле метал од вселенско потекло за изградба на важни работи, па затоа тој железен трон не би бил никакво изненадување.
– Во текстовите испишани на ѕидовите на пирамидата пишува дека фараонот, пред да ја достигне ѕвездата Северница, морал да помине низ „Капиите на небото“ и да седне на својот железен трод, вели доктор Маљи.
Инженерите од Универзитетот во Каиро дизајнирале флексибилен робот кој може да влезе во пирамидата и да го истражи секој нејзин дел. На тој начин ќе се открие што навистина се крие во оваа градба стара повеќе од 4.500 години. Роботот ќе може и да дупчи низ кои дупки потоа ќе може да снима.
– Најтешниот предизвик е да го дизајнираме робото што ќе може да се провлекува и низ најситните дупки, вели истражувачот Џан-Батист Мурет, додавајќи дека дупките кои ќе ги дупчи робото ќе бидат мали за да не се оштети изгледот на пирамидата.