Извршниот директор и основач на „Амазон“, Џеф Безос, ја заврши минатата година и ја почна новата 2020 година како најбогат човек во светот со проценето богатство од 115 милијарди долари.
Безос се разведе во 2019 година по 25 години брак, а тој и неговата сопруга Макензи Безос се договорија да ѝ останат нејзините четири проценти од акциите во гигантот за интернет-малопродажба. Така, Макензи Безос доби околу 37 милијарди долари и е рангирана на 25-то место на најбогатите во светот.
Според индексот за милијардери на Блумберг, кој ги следи 500-те најбогати луѓе во светот, втор е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, со 113 милијарди долари.
На третото место е Бернард Арно со 105 милијарди долари. Арно е најбогатиот Французин и генерален директор на LVMH, кој контролира речиси половина од добро познатиот француски моден синџир, во кој освен „Луј Витон“ има и други светски познати брендови.
По него следува американскиот инвеститор Ворен Бафет со 89,3 милијарди долари, додека основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, е на петтото место со 78,4 милијарди долари.
Мексиканскиот магнат Карлос Слим го зазеде 11-то место со 60,2 милијарди долари.
Поврзани артикли