Rolls Royce го претстави најбрзиот електричен авион кој може да достигне брзина поголема од 480 километри на час, на погон на електрична енергија.
Авионот е дел од иницијативата ACCEL (Accelerating the Electrification of Flight) и вклучува повеќе партнери како компанијата YASA, произведувач на електрични мотори.
Проектот е половина финансиран од Aerospace Technology Institute во соработка со Министерството за бизнис, енергија и индустриска стратегија на Велика Британија.
Авионот содржи најгуст батериски пакет некогаш сместен во едно летало, кој овозможува доволно енергија за напојување на 200 домаќинства или лет од Лондон до Париз со едно полнење. Има и напреден систем за ладење.
Rolls-Royce, во партнерство со Airbus, исто така работи на развој на E-Fan X технологија која би требало да претставува нов чекор во развојот на хибридни комерцијални авиони.
Извор: Blic.rs