Флексибилниот телефон на Huawei од втората генерација доби сертификат од кинеската 3C агенција. Според протечената документација, Huawei TAH-AN00m (кој ќе го носи комерцијалното име Mate Xs) ќе биде способен да ја поддржи опцијата на полнење од 65W.
Huawei Mate Xs ќе имплементира подобрен дизајн на шарката во однос на првиот модел, а ќе користи најнов Kirin 990 5G чипсер. Исто така, се очекува дека ќе биде полесен од својот претходник.
Доколку развојот на флексибилниот смартфон тече според планот кој го зацрта кинеската компанија, Mate Xs официјално би требало да биде прикажан во текот на Мобилниот конгрес во Барселона, кој се одржува кон крајот на февруари.
Huawei планира уредот да го продава и во Европа, а останува да се види дали Mate Xs ќе пристигне со поддршка за Google сервисите или не.