Американската астронаутка Кристина Кох во саботата го надмина рекордир и стана првата жена којашто најдолко 289 дена во континуитет престојувала во Вселената, објави NASA.
Кох на Меѓународната вселенска станица (ISS) стаса на 15. март, го надмина рекордот од 288 дена кој го постави Пеги Витсон.
„Ова е прекрасна работа за науката. Ги гледаме другите аспекти како човековото тело ја поднесува микрогравитацијата на подолг период и тоа е навистина важно за нашиот иден план за вселенски лет кон Месечината и Марс“, изјави Кох за CNN преку видео врска.
До моментот кога ќе се врати на Земјата во март, во Вселената ќе биме 328 дена, само 12 дена помалку од рекордот на пензионираниот астронаут Скот Кели, кој престојуваше на ISS 340 дена меѓу 2015 и 2016 година. Повеќето од мисиите на ISS траеја околу шест месеци.
Сепак, NASA наведува дека тоа е сѐ уште далеку од престојот на рускиот астронаут специјлист за вселенска медицина Валериј Полјаков кој на поранешната советско-руската орбитална станица „Мир“ престојуваше 437 денови и 18 часа во 1994 и 1995 година.
Meet one of the women redefining what we know about space! ??@Astro_Christina set a record today for the longest single spaceflight by a woman. Her extended mission helps us learn how to keep astronauts healthy for deep space exploration: https://t.co/vKmoAaY36t pic.twitter.com/9fQaexmj9E
— NASA (@NASA) December 28, 2019
Во октомври, Кох заедно со колешката Џесика Меир собори уште еден рекорд, кога станува збор за исклучиво женските престои во отворената Вселена, кога излегоа надвор од ISS.
Извор: Klix.ba