Најновите податоци од Market Pulse извештајот на Counterpoint Research, покажуваат дека iPhone XR на компанијата Apple е најпродаван смартфон во текот на третото тримесечје на 2019. година, со вкупно пазарно учество до три проценти.
Поточно, iPhone XR водечката позиција ја држи уште од својата објава во четвртиот квартал на 2018. година. Покрај iPhone XR и iPhone 11 се најде на Топ 10 листата уреди според пазарното учество и тоа на петтото место со 1,6 процент удел на пазарот.
На листата од десет уреди со најголемо пазарно учество се наоѓаат три модели од A-серијата на Samsung, која е позната по достапната цена и одличните карактеристики. Три смартфони на листата има и кинеската компанија Oppo, а најмногу поради силната продажба во Кина и другите околни региони.
Интересно е дека во споредба со минатата година, бројот на премиум уреди на листата падна од пет на само три. Според наводите на Counterpoint, причината за ова лежи во подобрувањата на спецификациите на уредите од средниот сегмент. Така најголем број од најновите телефони од средниот сегмент нуди подобар однос на цената и перформанси/карактеристики отколку постарите премиум модели.
Во иднина, на Топ 10 листата се очекуваат и повеќе телефони со 5G поддршка, како што мрежата од наредната генерација ќе станува се подобро прифатена глобално.