Астронаутите Кристина Кох, Дру Морган, Џесика Меир и Лука Пармитано одлучија Божиќ да го прослават на посебен начин.
Католички Божиќ се славеше ширум светот, но исто така и во вселената – поточно на Меѓународната вселенка станица која веќе со години се наоѓа во земјината орбита. Астронаутите покрај тоа што организираа прослава на Божиќ, тие имаа прилика во соработка со “NORAD” и да го „следат“ Дедо Мраз на неговиот пат околу светот.
Иако немаат Божиќно дрво и украси, сепак астронаутите добија специјална божиќна облека, божиќни чорапи и посебен оброк кој ја заменува традиционалната Божиќна вечера.
Секако, ништо не може да ја замени прославата на Божиќ меѓу најблиските, но сепак мораме да признаеме дека и оваа прослава во вселената изгледа прилично добро.
Извор: Zimo.hr