Човештвото е пред “климатска криза“, пишува во драматичното предупредување од 11.000 нучници од 153 земји со повик да се ублажи климатската криза и да настане позитивен пресврт.

Меѓународниот сојуз на научници и истражувачи предупредува дека на човештвото му се заканува сериозна закана доколку значајно не се подобри заштитата на нашата планета.

Предупредувањето е објавено во вторникот во списанието “BioScience” од резимирање на повеќето научни истражувања во текот на 40-те години и се наведува дека Земјата недвосмислено е под “климатски удар“.

„Се здруживме за да прогласиме климатска криза затоа што климатските промени се поостри и се случуваат со брзина која човештвото не ја очекуваше“ – вели Бил Рипл, професор по екологија на Државниот универзитет Орегон.

„Многумина од нас чувствуваат дека ни недостасува време за акција“.

Ажурираното предупредување од 2017-та година е објавено пред една недела, а насочено е кон климатската криза и него го потпишале над 15.000 научници, воедно детално ја изнеле штетата која луѓето ја направиле во природното опкружување и предизвикале значителни промени.

Прв од шесте чекори за подобрување на ситуацијата е масовна пракса на енергетската ефикасност и премин кон обновливи извори со ниско ниво на јаглерод диоксид.

Вториот чекор е намалување на емисијата на климатските загадувачи како што се метан, јаглеродни соединенија и хидрофлурокарбони.

Третиот чекор е обновување на екосистемот на Земјата со помош на морските гребени, шуми, степи и друго.

Четвртиот чекор е намалување на употреба на храната од животинско потекло и наместо тоа исхрана од растително потекло.

Петтиот чкор е преминување од политиката на постојаниот раст на БДП на политички траен оддржлив екосистем.

Последниот чекор кој го предложиле научниците е стабилизација, а потоа намалување на многубројното население на светот во мерка која ја обезбедува социјалниот интегритет.

Извор: Srbija Danas