Двајca руски пилоти кои пилотираа сo авионите „Миг-31“ и „Су-34“ полетаа од аеродромот во регионот Чељабинск, со цел да ја спроведат мисијата во која требало да наполнат гориво на висина од 6000 метри и брзина од 600 километри на час. Мисијата завршила успешно, а снимките го објавиле на социјалните мрежи.
Пилотите ризикувале при полетувањето, поради наносите снег кои го покриле поголемиот дел од пистата. По успешно спроведената мисија, руските борци брзо и лесно се вратиле и слетале безбедно на аеродромот.