Еден од најпознатите дојавувачи Ice Universe објави серија интересни твитови и информации за претстојните премиум мобилни уреди на Samsung, кои се очекува да бидат претставени во февруари 2020. година.
Најпрвин, дојавувачот сугерира дека Galaxy S11 всушност би можел да го носи името Galaxy S20, со што би обележал почеток на нова ера/деценија во 2020. година. Тоа исто така би значело дека S20 би можел да имплементира позначајни подобрувања и надградба во однос на S10 серијата.
Покрај ова, Ice Universe објави и фотографија од преклопен флексибилен телефон, која е во согласност со гласините за Galaxy Fold 2 моделот. Тој истакнува дека се вистините информациите кои претходно се појавиле и кои сугерираат дека Fold 2 ќе користи поинакво, ултра-тенко стакло наместо пластика.
На крајот, фотографијата прикажува кориснички интерфејс кој изгледа како One UI 2.0 на Samsung и видлив е центриран punch-hole дизајн.