Huawei официјално го отвори својот 5G Innovation and Experience центар во Лондон, што ќе им помогне да остварат подобра колаборација со британскиот 5G екосистем, но и подобро да ги проучат потенцијалните влијанија на 5G технологиите во реалната работа.
Потпретседателот на Huawei, Виктор Занг нагласи дека отворањето на овој центар претставува вистински доказ на соработка помеѓу британските деловни луѓе, научниците и нивната компанија, кој ќе покаже колку 5G технологиите можат позитивно да влијаат на унапредувањето на деловното опружување. Во рамките на центарот се наоѓаат интерактивни дисплеи кои ќе им овозможуваат на корисниците со употреба на проширената и виртуелна уметност да доживеат некое целосно ново искуство.
Центарот ќе има и едукациска улога и во него ќе се демонстрира како 5G технологиите можат да бидат употребени во различните области, како што се паметното производство и здравство.
Ова не е единствен 5G иновациски центар кој Huawei го отвори во претходните денови. Неодамна е отворен и 5G истражувачкиот центар во Швајцарија, како и 5G AI lab во Сингапур.
Инаку, Велика Британија засега не ги прифати санкциите кои САД и некои други држави ги спроведуваат кон Huawei. Британските компании досега воглавно одлучуваа за 5G опремата на Huawei, па компанијата верува дека така ќе биде и во иднина.
Поврзани артикли