Компанијата Apple има тим со статус „тајно и доверливо“, кој работи на сателитска технологија со којашто производителот на iPhone би можел да ја користи за пренос на интернет директно на уредите, без учество на безжичните мрежи, објави Bloomberg.

Според написот, Apple има десетици инженери од областа на воздухопловството, сателити и антени и слично чија цел е, во рок од пет години, идејата да се примени практично.

Тоа значи дека Apple би можел да ги користи сателитите и за попрецизно следење на локациите на своите уреди, тоа пак, може да овозможи подобрување на мапите и новите функции.

Од порано е познато дека Amazon за наредниве години планира распоредување на над 3 илјади сателити.

Последниве месеци Apple почна да најмува нови стручњаци за софтвер и хардвер за во овој тим, барајќи, пред сè, инженери со искуство во дизајнирање комуникациска опрема. Компанијата значајно го зголеми и буџетот за истражувања и развој, потрошувајќи 16 милијарди долари во фискалната 2019 година што е 14 отсто повеќе во однос на претходната година.

Еден од главните цели е што повеќе од технологијата што ја користат, сами и да ја произведуваат, па и работата на сателитите, веројатно е дел од тој концепт, се вели во написот на Bloomberg.