Откако на една Американка и бил украден автомобилот во кој останал и нејзиниот iPhone, благодарение на апликацијаа Find my, полицијата брзо успеала да го лоцира возилото.
Една од опциите која „мора“ да ја имате вклучено на вашиот телефон е можноста за пронаоѓање на вашиот уред во случај да го изгубите или некој да ви го украде. Активирањето на оваа опција е брзо и лесно, а како што покажал еден случај во Соединетите држави, благодарение на неа, не само што може да се најде изгубениот или украден телефон, туку и нешто многу повредно и поскапо – украден автомобил.
Една тинејџерка од Ајова неодамна направила голема глупост кога, брзајќи да купи нешто, автомобилот не само што го оставила отклучен со клучевите внатре, туку и со стартуван мотор. Автомобилот за неа всушност бил и привремен дом, затоа што претходно станот во кој живеела делумно изгорел. Како и да е, празното стартувано моторно возило не поминало незабележано и таквата „покана“ ја искористил крадецот кој брзо седнал и го однел возилото во непознат правец.
Среќата на несреќа била што во автомобилот останал и мобилниот телефон на девојката со вклучена опција Find my.
Крадците првично го исклучиле iPhone-от за полицијата да не може да ја пронајде локацијата, но неколку дена подоцна тие на кратко го вклучиле, а тоа било доволно за полицијата да открие во кој дел од градот се наоѓа автомобилот. Сепак, самиот телефон, како и паричникот и некои други предмети од автомобилот сè уште не се пронајдени. Полицијата верува дека тој се наоѓа во еден од становите до локацијата каде што е пронајден автомобилот и се надеваат дека во пронаоѓањето ќе им помогнат снимките од надзорните камери на околните продавници.