Американскиот советник за национална безбедност, Роберт О`Брајан издаде предупредување до Велика Британија.
Тој го предупреди официјален Лондон за дозволата кинеската Huawei Technologies да биде вклучена во нивната 5G телекомуникациска мрежа, велејќи дека тоа ќе претставува ризик за британското тајно разузнавање, објави Financial Times.
„За нас е малку шокантно што луѓето во Велика Британија гледаат на Huawei како да се работи за некаква комерцијална одлука. 5G е одлука за националната безбедност“, додаде тој.
О’Брајан изјави дека луѓето во Европа, Јапонија, Нов Зеланд и Австралија почнуваат да ја разбираат вознемиреноста која ја започнаа Соединетите држави поради Huawei.
САД вршат притисок на другите земји ширум светот да не дозволат пристап на Huawei да изградат 5G мрежи, тврдејќи дека Пекинг наводно би можел да го користи опрема на компанијата за шпионирање, што кинеската фирма повеќе пати категорично го негираше.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај потпиша извршна наредба со која им се забранува на американските компании да користат телекомуникациска опрема на Huawei со образложение дека претставува ризик за националната безбедност.
Reuters соопшти дека Huawei моментално не е достапен за коментар.
Поврзани артикли