Во март годинава кинеските истражувачи предвидоа дека направата наречена „HL-2M tokamak“, која е дизајнирана да имитира нуклеарна фузија (истата енергија што го „напојува“ Сонцето) ќе биде изградена пред крајот на оваа година.
Сепак, сè уште не се знае дали се случило тоа, но минатиот месец Дуан Сужу, еден од научниците што работат на „вештачкото сонце“, истакна дека изградбата оди како подмачкана и дека направата треба да биде оперативна во 2020 година – значаен настан за кој експертите велат дека конечно може да ја направи нуклеарната фузија изводлива енергетска опција на Земјата.
Ако научниците успеат да сфатат како да ја скротат енергијата создадена со нуклеарна фузија, тоа може да обезбеди речиси неограничен извор на чиста енергија.
Со децении тоа ја правеше енергијата од фузијата свет грал за истражувачите на енергијата. Но, проблемот е што тие сè уште треба да најдат рентабилен начин за задржување на екстремно жешката плазма затворена и стабилна доволно долго за да има фузија.
Кинеската направа можеби конечно е решението за оваа задача – или барем дава насоки како да се надмине.
– „HL-2M“ ќе им обезбеди на истражувачите вредни податоци за компатибилноста на фузиската плазма со приоди за поефикасно справување со топлината и честичките испуштени од јадрото на направата. Ова е еден од најголемите проблеми со кои се соочува развојот на комерцијален фузиски реактор и резултатите од „HL-2M“, како дел од меѓународната заедница за истражување на фузијата, ќе влијаат врз дизајнот на овие реактори – истакна физичарот Џејмс Харисон, кој не бил вклучен во проектот.
Извор: Futurism
Поврзани артикли