Од Американската вселенска агенција NASA, велат дека знаат што да прават во случајот кога астероид ќе удри на Земјата. Агенциите NASA и FEMA се одговорни да го известат светот во случај ако постои опасност од џиновски астероид да удри во Земјата. Агенциите велат дека направиле бројни симулации и тестирања за судниот ден.

Тоа пред сè се однесува на правовремена подготвеност и воочување на можно уништување на животот на Земјата од смртоносниот астероид.

„Не е работата во тоа дали сакаме, туку кога ќе се соочиме со оваа ситуација“, вели Томас Цурбухен од NASA.

Ова е протоколот на NASA во случај на удар на астероид. Тој подразбира пет чекори:

1. Пораката за откривање на опасен астероид, се пренесува на група составена од повеќе од 12 научници. На нив им стигнува порака: „Астероидот се приближува. Потребен е итен состанок“.

2. На состанокот се договара итно следење на астероидот, а научниците веднаш почнуваат да го следат неговиот правец на движење.

3. Научниците ја одредуваат големината на објектот и според брзината на движење, го проценуваат времето на удар во нашата планета.

4. NASA и FEMA потврдуваат дали ударот е неизбежен во зададените параметри.

5. NASA и FEMA свикуваат конференција за медиумите, на која треба да поднесат целосен извештај за приближувањето на астероидот. Во тој момент, агенциите би ги истакнале и своите планови за заштита на Земјата.